БЛОКМАКС РАПИД

...

Состав 

Ибупрофен лизин (ibuprofen lysine) 684 mg, што одговара на 400 mg ибупрофен (ibuprofen). 

Фармацевтска форма 

Филм-обложена таблета. 

Дејство 

Блокмакс Рапид содржи ибупрофен лизин, сол на ибупрофен, којшто спаѓа во групата на нестероидни антиинфламаторни (противвоспалителни) лекови (НСАИЛ), со аналгетично (против болка), антипиретично (против покачена температура) и со антиинфламаторно (противвоспалително) дејствување. 

Индикации 

Блокмакс Рапид се употребува за краткотрајна симптоматска терапија на лесна до умерена болка, како на пример:  

  • главоболка,  
  • забоболка,  
  • мускулна болка,  
  • болка во грбот и 
  • ревматска болка.  

Пакување 

Кутија со 10 филм-обложени таблети во блистер и со упатство за пациентот. 

...

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.