ЛОРАТАДИН С

...

Состав

Loratadine hydrochloride 10 mg

Фармацевтска форма

Таблети

Дејство

Лоратадин С Алкалоид содржи активна супстанција лоратадин, којашто спаѓа во групата лекови наречени антихистаминици.

Антихистаминиците ги ублажуваат алергиските симптоми, спречувајќи го дејството на хистаминот којшто се создава во организмот.

Индикации

Таблетите Лоратадин С се употребуваат како:

  • симптоматска терапија на алергиски ринитис (кивање, течење или чешање на носот, печење или чешање на очите),
  • симптоматска терапија на хронична идиопатска уртикарија (црвенило/исип на кожата проследено со чешање).

Пакување

Кутија со 10 таблети во блистер, со упатство за пациентот.

...

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.